ка, но целосно непривлечна. Нејзините родители, Ерасмо и Хулиета, се бореле за на Лети да и дадат најдобро школување и дипломирала економија како најдобра во генерацијата и магистрирала во финансии. Нејзиниот најдобар пријател е Томас, со кој ги дели нејзините солзи и радости. Томас е паметен, но непривлечен како и Лети. Лети не ја гледа својата грдост како пречка, и оди кон барање на работа, но за жал открива како нејзината вештина и знаењето не се доволни за работата која ја бара, дури сите барат подобри и со убав и згоден изглед. Како и да е, работата е работа и таа ја прифаќа работата како секретарка во фирмата "Консептос", во најпознатата продуцентска куќа во земјата, кои ја основале Умберто Мендиола и Хулиан Виљароел. Сега кога Умберто заминува во пензија, неговиот син Фернандо и синот на неговиот партнер, Ариел Виљареал, се натпреваруваат за директор на фирмата. Фернандо победува со еден глас, кој му го дава Марсија Виљареал, голема акционерка и негова девојка. Арогантниот Ариел само чека Фернандо да се откаже од работата за да го презе неговото место. Ривалката на Лети за местото за секретарка во фирмата е преубавата Алисија Фереира, обична и привлечна жена без знаење и искуство. Фернандо ја одбира Лети како секретарка, која навистина е најдобра кандидатка, освен она што ја прави непривлечна. Марсија ја зема таа причина за Алисија исто така да ја добие работата. На крајот и двете остануваат во фирмата; Алисија како рецепционерка и добива три пати поголема плата од Лети, која добива мал простор во канцеларијата на Фернандо, и се грижи за неговиот распоред. Лети, среќна што Фернандо е на нејзина страна, станува негова пријателка, што ги прави Марсија и Алисија нејзини непријателки. Но, проблемите на Лети во фирмата тукушто започнуваат: компанијата запаѓа во финансиски проблеми. Лети се вљубува во Фернандо. Како и да е, интелегенцијата на Лети и тешката работа ќе и донесат позитивни резлутати во работниот круг, што се не би можело да се рече и за љубовниот живот. Улоги: Анхелика Вале, Хаиме Камил, Елизабет Алварез, Патрисија Навидад, Агустин Арана, Луис Мануел Авиља, Анхелика Марија, Хосе Хосе, Серхио Мајер и Раул Магања.